Британската полиција соопшти дека денеска е пронајден сомнителен пакет во близина на седиштето на компанијата „Кембриџ Аналитика“ во Лондон, поради што беа затворени околните улици и евакуирана зградата.
Полицијата истакна дека до сега не е пријавено дека има повредени.
– Зградата е евакуирана поради претпазливост – наведе полицијата.
Канцеларијата на компанијата „Кембриџ Аналитика“ во Лондон се наоѓа во улицата „Њу Оксфорд“, една од главните шопинг улици во Велика Британија.
Консултанската фирма „Кембриџ Аналитика“ е под истрага во Велика Британија за користење на лични податоци на корисници на Фејсбук за да направи профили на американските гласачи пред изборите за претседател на САД во 2016 година.