Евакуација на колеџ во САД

120

Јутика колеџот во американската сојузна држава Њујорк е блокиран „поради реална и кредибилна закана“.

Управата на колеџот соопшти дека немало истрели од огнено оружје и оти нема информации за евентуални жртви, но полицијата нареди евакуација на колеџот и на кампусот.

„Доколку сте засолнети, ќе бидете евакуирани и испратени до безбедна локација“, објави управата на колеџот на Твитер.

Телевизијата „Еј-Би-Си њуз“ објави дека колеџот е блокиран по два телефонски повици при што се упатени закани за „преземање на одредени акции“ во „Научниот центар Гордон“ во Јутика колеџот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...