ЕУ со 500.000 евра ќе го развива туризмот во Крушево

Проектот за локална и регионална конкурентност е дел од четиригодишното инвестирање со финансиски средства од ИПА 2 програмата на ЕУ, а е администриран од Светска банка, информира локалната самоуправа.

171

Крушево е првата општина во Македонија што оваа година доби финансиски средства од ЕУ во износ од 499.000 евра за унапредување на туризмот и поттикнување на локалниот економски развој.

Според Општината, во проектот се опфатени реконструкција на спортска сала и проширување на нејзината намена, поставување сувенирници, патокази за туристичките и историските локалитети, организација на настан „Во недопрената природа на точак – Крушево 2018“.

– Проектот за локална и регионална конкурентност е дел од четиригодишното инвестирање со финансиски средства од ИПА 2 програмата на ЕУ, а е администриран од Светска банка- информира локалната самоуправа.

Во проектот Општина Крушево ќе учествува со четири милиони денари, а координатор е Кабинетот на заменик-претседателот на Ввладата за економски прашања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...