Раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје Никола Бертолини денеска рече дека се размислува за проверка на искористувањето на земјоделските субвенции во земјава и преиспитување на оправданоста на проектираните суми.
– Земјоделството и руралниот развој се многу важни сектори, затоа и ги поддржуваме. Се размислува за проверка на ефикасноста на субвенциите и нивните суми кои се многу важни за бруто националниот производ- истакна Бертолини во обраќањето на презентацијата на проектот за унапредување на системот ФАДН.
Како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за МИА, процесот на собирање информации и податоци за ефектот од земјоделските субвенции е во тек. Почна во јануари годинава на барање на МЗШВ. Се очекува до крајот на овој месец да се комплетира драф верзијата со податоците врз основа на која, потоа, ќе се прават потребните анализи.
Процесот го спроведуваат експерти од Европската унија