ЕУ: Белград и Приштина да не дозволат да ескалира состојбата на Косово

Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово, изјави Коцијанчич.

284

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ остро ги осудува денешните случувања во Косово, по апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.

– Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово – изјави Коцијанчич.

Таа додава дека сите прашања од заеднички интерес мора да се решаваат со дијалог со кој посредува ЕУ и чија конечна цел е нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...