ЕУ: Белград и Приштина да го почитуваат договорот за посетите на официјални лица

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по разговорите со шефот на дипломатијата на ЕУ Федерико Могерини и косовскиот претседател Хашим Тачи во петокот, најави дека и покрај забраната на властите во Приштина, српските официјални преставници ќе го посетат денеска Косово и ќе разговараат со Србите кои живеат таму.

118

Портпаролката на високата претставничка на Европска унија за надворешни работи и безбедност, Маја Кочијанчич во врска со денешните настани во Косово, ги потсети Белград и Приштина дека мора да ги почитуваат постоечките договори за посетите на официјални лица.

– Несогласувањата за овој договор треба да се решава преку дијалог, а не со каква било ескалација – предупреди Коцијанчиќ.

Таа истакна дека двете страни ја потврдија својата посветеност на дијалогот за време на состанокот на претседателот на Косово и Србија во Брисел минатиот петок и порача дека според тоа, сите прашања од заеднички интерес треба да се решат во рамките на дијалогот и во духот на континуираната нормализација на односите.

Коцијанчиќ додаде дека работата во врска со севкупната нормализација на односите е во тек и дека и двајцата претседатели, со посредство на шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ја потврдија својата целосна посветеност по ова прашање.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по разговорите со шефот на дипломатијата на ЕУ Федерико Могерини и косовскиот претседател Хашим Тачи во петокот, најави дека и покрај забраната на властите во Приштина, српските официјални преставници ќе го посетат денеска Косово и ќе разговараат со Србите кои живеат таму.

Како што пренесуваат српските медиуми припадници на специјалната полиција денеска се распоредени на преминот Јариње,  а заменикот на командантот на косовската полиција за регионот Север, Бесим Хоти демантираше дека специјалците се на административниот  премин Јариње, туку дека се упатени само интервентни единици на полицијата.

Според српските медиуми околу 200 припадници на специјалната единица се во северниот дел од Косовска Митровица  предводени од шефот на таа единица  Арбнеш Ајвази. Во меѓувреме група српски државјани се собраа во северниот дел на Митровица за да протестираат против забраната за влез на државните функционери од Србија во Косово.

Приштина најави дека нема да дозволи влез на територија на Косово на српските официјални лица – директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, генралниот секретар во Кабинетот на претседателот, Никола Селаковиќ, како и на министерот за одбрана Александар Вулин, кој не доби дозвола за посета на  српско семејство во Косовска Митровица.  Во меѓувреме министерот за култура Владан Вукосављевиќ се врати од преминот Јариње иако имал одобрено посета на манастирите во Косово.

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли предупреди дека без дозвола никој не може да влезе на територија на Косово.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на Советот за национална безбедност без да ја наведе причината и темата на седницата, но според медиумите една од темите ќе биде косовското прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...