Австралискиот актер Ерик Бана се приклучува во тимот и ќе го глуми насловниот лик во ТВ серијата „Валканиот Џон“ на продукциската куќа Ен-Би-Си Јуниверзал.
Приказната е заснована на вистински настани, и централен лик е криминалец кој започнува врска со неговата партнерка Дебра (Кони Бритон) и ја внесува во заплеткан лавиринт од мрачни тајни, лаги, одрекување и, најпосле – борба за живот.
Првично, предвидено е серијата да има две сезони.