Ердоган: Турската воена операција во Сирија го чисти регионот од терористи

Ердоган вели дека целта на турската воена операција во северна Сирија не е да го „окупира регионот, туку да го ослободи од терористите“ и потоа да го предаде на луѓето кои живеат таму.

110

Турските сили и Слободната сириска армија досега расчистија од терористи 950 километри квадратни територија во рамки на операцијата „Маслиново гранче“ во северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на денешниот Конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Болу.

Ердоган истакна дека целта на турската воена операција во северна Сирија не е да го „окупира регионот, туку да го ослободи од терористите“ и потоа да го предаде на луѓето кои живеат таму.

Тој додаде дека досека се неутрализирани околу 3.300 терористи во реонот на Африн, од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“.

Турскиот претседател укажа на фактот дека Турција има 911 километри граница со Сирија која, како што истакна, често е подложена на закани од терористички групи.

– Со оглед на тоа што се случува во Сирија, кога конечно, вие, НАТО, ќе ја поддржите нашата земја- праша денеска Ердоган.

Тој и вчера го обвини НАТО бидејќи, како што вели, не ја поддржува турската воена операција „Маслиново гранче“ насочена против сириските курдски борци во северна Сирија.

– НАТО каде си?- праша Ердоган, притоа обвинувајќи ја Алијансата за двојни стандарди.

Ердоган, исто така, посочи дека Турција ја испрати својата војска во конфликтни зони кога беше побарано да го стори тоа, но за возврат не добива поддршка.

Турција на 20 јануари ја започна воената операција „Маслиново гранче“ во реонот на сибирскиот град Африн, насочена против сириските Народна сила и Партија за демократски сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации поврзани со нелегалната Курдистанска работничка партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...