Ердоган: Територијалниот интегритет на Сирија зависи од дистанцирањето од терористичките групи

89

Турција ќе продолжи со антитерористичката операција во Сирија до целосно прочистување на териториите од курдски формации, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган, по средбата со колегите од Русија и Иран, Владимир Путин и Хасан Рохани, на денешната прес-конференција посочи дека територијалниот интегритет на Сирија ќе зависи од дистанцирањето од сите терористички групи.

Турските медиуми истакнуваат дека Ердоган со потенцирањето на „сите“ терористички групи, алудирал на поддршката на САД за фромациите на сириските Курди.

Турскиот претседател уште оцени дека на Сирија и претстои тежок пат, но дека „надежта за успех станува се поголема“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...