Вооружените сили на Турција наскоро ќе воспостават контрола над сирискиот град Тел Рифат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Во наредните денови ќе биде воспоставена контрола над градот Тел Рифат и на тој начин ќе бидат постигнати целите на операцијата „Маслиново гранче” – посочи турскиот претседател.
Вчера, Ердоган истакна дека Анкара е подготвена за нови воени операции во Сирија.
Турција на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче” во реонот на Африн, насочена против сириските курдски милиции Сили за заштита на народот и Партијата за демократски сојуз, кои Анкара смета за терористички организации, поврзани со забранетата Курдска работничка партија.