Ема Вотсон ја покажа тетоважата со правописна грешка

471

Британската актерка Ема Вотсон се појави на свеченоста по повод доделувањето на Оскарите во црна тоалета без ракави и ја покажа новата тетоважа во чест на холивудското движење против сексуалното насилство.

На забавата по Оскарите многумина забележаа дека тетоважата на дваесет и седумгодишната ѕвезда од филмовите „Хари Потер“ има правописна грешка и наместо „Time’s Up“ е напишнао  „Times Up“.

Актерката, која донираше милион фунти за поддршка на жртвите на сексуално насилство, не откри дали тетоважата е привремена или трајна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...