АД „Електрани на Македонија” се приклучува кон глобалната акција „Час на планетата Земја”.
Како компанија која произведува електрична енергија и како општествено одговорна компанија, АД ЕЛЕМ во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе го исклучи светлечкото лого на управната зграда, како и целото надворешно осветлување на зградата.
На овој начин и АД „Електрани на Македонија“ симболично ќе ја испрати пораката за спас на планетата, за паметно користење на енергијата и оптимално користење на природните ресурси, како и почитување на глобалната биолошка разновидност, што е во фокусот на годинешното одбележување на „Часот на планетата Земја”.