-Ќе се набават 44 парчиња потребна механизација со што очекуваме во наредните години да заштедиме во однос на потрошувачката за изнајмување на надворешна механизација и да влијаеме на намалување на цената на електричната енергија која ја произведува ЕЛЕМ – рече генералниот директор на компанијата, Драган Миновски.
Механизацијата, според плaнот, ќе биде набавена до почетокот на наредната година до кога ќе продолжи практиката на изнајмување на механизација.
-За изнајмување на механизација годинава планираме да потрошиме 5 милиони евра. Но, ангажирањето на механизацијата е по работен час и тука планираме да неаправиме заштеди со поголема контрола на работните часови. Во изминатите години просечно се трошеа по 9 милиони евра за изнајмување на механизација – информира Миновски.
Тој соопшти и дека кон средината на април ќе биде објавен и уште еден тендер за набавка на циклична механизација за ископ на руда во рудникот Гнеотино со што ЕЛЕМ планира целосно да се опреми со механизација и да не изнајмува механизација.
-Оваа јавна набавка планираме да се движи до 22 милиони евра или вкупно за двете јавни набавки со кои ќе се обезбеди потребна механизација во износ од 41 милион евра.
Во условите за набавка на механизацијата, како што информира Миновски, ќе биде поставен и критериумот отворање на сервис за купената механизација во Битола, што ќе обезбеди брзи реакции при откажување на некоја од алатиките и вработување на нови луѓе.
Изминатите десет години за изнајмување на потребната механизација во производството и ископот на рудата ЕЛЕМ потрошил 212 милиони евра, а само за изнајмување на помошна механизација годишно се трошеле по 9 милиони евра.
Миновски информира дека документацијата а изградба на фотоволтна централа во Осломеј е готова и се чека донесување на Законот за енергетика кој ќе овозможи изградба на 10 волтна сончева централа.
ЕЛЕМ, како што рече Миновски, од почетокот на годината не увезувал струја бидејќи потребните количини се обезбедени од производството на хидроцентралите каде што поради хидролошките услови има зголемување од 39 отсто и заштеда кај термоелектраните кои работеле со 74 отсто капацитет.
Во однос пак на зголемениот водостој на Охридското Езеро, Миноски, рече дека во овој период се врши оптимален испуст на водата за да не се дозволи поплава во Охрид Струга и по течението на реката Црн Дрим.