Elbit Systems“ отвара нов погон за производство на копнени системи во Романија

279

„Елбит Системи“ отвори нов погон за дизајнирање и производство на копнени системи во близина на Букурешт, Романија. Погонот ќе служи како регионален центар за нарачките на земјите од регионот, а се протега на површина од 1000 квадратни метри.

– Новоотворениот погон ќе работи како центар за производство и интеграција на куполите и вооружените станици кои што ги произведува ЕЛБИТ системи, кои што се веќе договорени со проектите во регионот и ќе служи како регионален центар за исполнување на нарачките на останатите земји од регионот – велат од компанијата, додавајќи дека се работи за четврти погон во Романија со којшто ќе се зголеми бројот на вработени лица.

На свеченото отворање, генералниот директор на Секторот за копнени системи и комуникации Јехуда Веред рече дека новиот погон претставува уште еден чекор кон продлабочувањето на нивното присуство во Романија.

– Ни претставува привилегија да бидеме во позиција да обезбедиме технолошки напредни и оперативни копнени системи за вооружените сили на Романија. Ние сме горди што можеме да ја зголемиме нашата производствена активност во земјата и да го прошириме нашето големо искуство со обезбедување на копнени системи за клиентите од целиот свет и значително да го зголемиме трансферот на технологија во Романија, да го зголемиме вработувањето на локално ниво и да го зајакнеме извозниот потенцијал – истакна Веред.

„Елбит системи“ успешно работи во Романија како долгорочен испорачател на Министерството за одбрана повеќе од 25 години, соработувајќи со локалните индустрии кои ги вклучува во големи проекти како што се надградби на авиони, проекти за романските копнени единици и решенија за романската морнарица.

Фото: Elbit Systems

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...