Eден од осумтемина турски војници пребегани во Грција ослободен под строги ограничувања

Офицерот сепак ќе биде под режим на строги ограничувања, се до почетокот на мај, кога Уставниот суд треба да одлучи дали ќе му биде одобрено барањето за азил.

168

Грчкиот Уставен суд денеска донесе одлука за ослободување од притвор на еден од осумтемина турски војници, кои пребегаа во Грција по неуспешниот обид за воен удар во Турција во јули 2016 година.

Офицерот сепак ќе биде под режим на строги ограничувања, се до почетокот на мај, кога Уставниот суд треба да одлучи дали ќе му биде одобрено барањето за азил.

Според грчките медиуми, турскиот војник ќе биде пуштен од притворот во Олимпиското село во близина на Атина, каде што престојува заедно со неговите колеги, но нема да има целосна слобода. Тој ќе биде сместен на тајна локација и ќе биде под надзор, а нема да му бидат дадени ни патни исправи.

Одделот за суспензии на грчкиот Уставен суд делумно го прифати барањето на грчката Влада со кое се бараше суспендирање на одлуката на Независната комисија за азил за доделување азил на турскиот војни. Со тоа, според грчките медиуми, одлуката за азил не се поништува целосно, туку само делумно, со поставувањето на ограничувања.

Се претпоставува дека истата одлука во суштина индиректно ќе биде профатена и за другите седуммина војници.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на турскиот војник на 30 декември му беше одобрен азил, но неколку часа подоцна грчката Влада соопшти дека поднеле барање за поништување на одлуката на надлежната комисија.

Врховниот суд во Атина, на 26 јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, по што тие поднесоа барања за азил.

По неуспешниот обид за пуч во Турција во јули 2016, осумтемина турски војници со хеликоптер пристигнаа во грчкиот град Александрополис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...