Повеќето, односно 81 отсто од граѓаните на Србија не би поддржале признавање на косовската независност дури ниту како услов за членство во ЕУ, 45 проценти сметаат дека Косово не е загубено, а 43 отсто оценуваат дека поранешнат покраина сепак е загубена.
Вкупно 55 проценти од Србите веруваат дека независноста на Косово нема да ја признае оваа или некоја идна влада во Белград.
Овие ставови на граѓаните на Србија ги покажа истражување кое го спроведе Институтот за европски работи (ИЕП) во соработка со истражувачката куќа „Нинамедија“ која било спроведено во периодот од 16 до 20 март на репрезентативен примерок од 1.203 испитаници.
Учесниците во анкетата одговарале на теми дали Косово е загубено, внатрешен дијалог, поделба на Косово, признавање на независноста и враќање на српските институции во Косово.
Косово дефинитивно е загубено за само 30 проценти постари граѓани од групата над 60 години, додека помладите односно 50 отсто сметаат дека Косово е изгубено за Србија. Истражувањето покажа и дека 56 проценти од граѓаните не би поддржале поделба на Косово, а дека тоа би го направиле 30 отсто.
Поделба на Косово меѓу Срби и Албанци поддржуваат повеќе постари граѓани, додека со зголемувањата на степенот на образование исто така расте и бројот на оние кои сметаат дека Косово треба да се подели.
Само 3,4 отсто од граѓаните велат дека учествувале во внатершниот дијалог за Косово, додека 94 отсто не.
Резултатите од истражувањето покажуваат и дека со порастот на степенот на образование расте бројот и на оние кои би учестувале во дијалогот.
Четвртина испитаници очекуваат оваа или некоја друга влада да ја признае независноста на Косово, со зголемувањето на бројот на години се намалува бројкатај, а со зголемувањето на степенот на образование расте бројот на оние кои мислат дека тоа ќе се случи.
Мажите за девет отсто повеќе од жените сметаат дека не би требало да се признае независноста на Косово како услов за ЕУ.
Значајни се разликите по ова прашање и според возраста на испитаниците.
Помладите граѓани до 44 години се понаклонети кон оваа одлука во просек десет отсто повеќе од постарите од 45 години.
Признавањето на независноста на Косово ако тоа е услов за ЕУ и позитивен став за тоа полека растат со порастот на степенот на образованието.
Целосна поделеност на граѓаните на Србија има и според ставот дали е остварливо Србија повторно во иднина да има целосна контрола и суверенитет над Косово.
Имено 45 отсто од испитаниците сметаат дека е невозможно Србија некогаш да има целосен суверенитет над Косово, а 42 проценти изјавиле дека тоа е можно, покажа истражувањето на Институтот за европски работи.