Дизни најави војна со Нетфликс

132

Американскиот медиумски гигант Дизни денеска соопшти дека создал ново одделение во компанијата кое ќе биде задолжено да подготви платформа за емитување содржини преку интернет.

Со овој долго очекуван чекор, Дизни најави дека ќе почне да се бори за дел од дигиталниот колач на компании како Нетфликс и Амазон. Според Кевин Мејер, директор на Дизни за стратегиски прашања, новата дигитална понуда ќе почне да функционира при крајот на 2019 година. Се очекува дека тоа ќе значи повлекување на актуелните содржини на Дизни од Нетфликс и нивно нудење ексклузивно преку новата платформа на Дизни.

Акциите на Дизни на берзата во Њујорк пораснаа за 0,5 проценти откако беше најавен новиот чекор на компанијата.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...