Десетина директори на американскиот синџир супермаркети Хол Фудс ја напуштиле компанијата во изминатите неколку месеци, откако трговскиот гигант Амазон ја купи компанијата.
Оставки поднеле водечките лица на одделенијата за пекарски производи, одржливост и локални храни. Според весникот „Вол Стрит Џурнал“, некои од директорите биле замолени да ја напуштат компанијата, но други поднеле оставки и покрај тоа што им биле понудени подобри работни места.
– Соработката почна лошо – изјави еден од директорите што поднесе оставка за весникот.
Хол Фудс е популарен синџир супермаркети кој се фокусира на квалитетни и здрави производи, кои честопати потекнуваат од локални фарми. По преземањето од Амазон, Хол Фудс ги намали цените на производите, а продажбата се зголеми.