Џо Бајден и Доналд Трамп со меѓусебни навреди

220

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е слаб и физички и ментално, откако тој рече дека „би го претепал Трамп во средно училиште“.

Бајден претходно изјави дека никогаш не би дебатирал со човек кој станал „национален лидер“ зборувајќи дека „може да ја фати секоја жена за што и да сака, а неа тоа би и се допаднало“.

– Да сме во средно училиште, би го одвел зад салата за физичко и би го претепал. Сум бил во многу соблекувални во текот на својот живот, ѓаволски добар сум спортист. Оние кои зборуваа, како што зборува Трамп – обично беа најдебелите и најгрдите кучкини синови во просторијата – рече Бајден.

Следуваше жестока реакција од Трамп.

Лудиот Џо Бајден се обидува да се однесува како опасно момче. Всушност, тој е слаб – и ментално и физички, но и натаму ми се заканува со физички напад, веќе вторпат. Тој не ме знае, но брзо и силно би паднал, плачејќи цело време. Џо, не им се заканувај на луѓето, напиша Трамп на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...