Џијан Емин ќе настапи во Франција со Националниот оркестар де Лорен и Дерик Меј

118

Македонскиот музичар Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на Националниот оркестар де Лорен, заедно со диџејот Дерик Меј – еден од пионерите на детроитската техно-сцена. На концертот ќе гостува Франческо Тристано, композитор и пијанист од Луксембург.

Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзума – електронската и класичната музика, а кои се чини се спротиставени.

Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј беше во Охрид, во Античкиот театар во 2014 година, и од тогаш двајцата уметници со различни оркестри настапуваат во Европа, САД и Австралија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...