Џенифер Лоренс се пожали: Долго време не сум имала секс, стравувам од…

1139
ФОТО: EPA-EFE/WARREN TODA

Џенифер Лоренс на екраните можеби на многумина им се чини како многу атрактивна и возбудлива жена, но како што признала во неодамнешното интервју, приватно е, всушност, многу повлечена, асексуална и стравува од полови болести, поради што ретко стапува во сексуални односи.

Иако ретко во медиумите зборува за приватните работи и љубовниот живот, оскаровката Џенифер Лоренс во последното интервју за магазинот „Сан“ открила некои од најинтимните детали.Џенифер раскажала како и зошто ретко стапува во сексуалните односи.

– Можеби зборувам како сето тоа многу да ми се допаѓа и делувам многу секси, но, всушност, ништо не преземам кога треба да дојде до акција. Всушност, многу се плашам и стравувам од полови болести и затоа секој свој поранешен партнер пред сексуалните односи го праќав на лекарски тестови – открила 27-годишната убавица и додала дека не сака никаков физички контакт и мрази ракување и прегрнување, бидејќи ја фаќа паника од разни болести.

Освен тоа, јасно дала до знаење дека во односи стапува само со партнерите и не практикува авантури за една ноќ.

– Во моментот не сум во врска и јасно давам до знаење дека многу долго не сум имала секс. Тоа е тешко, особено во овој свет. Би сакала наскоро некого да пронајдам и да бидам среќна во врската – објаснила Лоренс која од последната врска со режисерот Дарен Аронофски излезе во ноември лани поради преголемата разлика во годините.

Инаку, убавата актерка е ѕвезда на актуелниот филм „Црвениот врабец“, во кој првпат снимила гола сцена.

– Не бев толку загрижена поради голотијата, туку ме загрижи како ќе изгледаат моите брадавици на екранот, бидејќи на сетот беше многу топло па мислев дека изгледаат преголеми – рекла Џенифер пред неколку недели гостувајќи кај Елен Деџенерис.

ФОТО: EPA-EFE/WARREN TODA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...