Неколку спонтани абортуси, тешко разочарување, депресија и пет години чекање не биле пречка актерката Хилари Бартон да добие ќерка, а сега, кога бебето има еден месец, таа го претстави на јавноста заедно со емотивна објава на својот профил на Инстаграм.
Хилари е во брак со 16 години постариот Џефри Дин Морган (актер и го имаат синот Август, но по првата бременост имала проблеми повторно да роди дете. Сега, кога конечно и се исполнила желбата, пресреќна на Инстаграм таа објави:
– Запознајте ја Џорџ Вирџинија Морган. Родена е на 16 февруари, а породувањето го направи нејзиниот татко. Многу ја сакаме – напиша актерката на крајот од долгата, искрена порака.
Во пораката, меѓу другото, стои дека неколку пати изгубиле дете, биле скршени и пет години била огорчена и љубоморна на луѓето на кои лесно им успевало да добијат бебе. Толку многу се плашела за своето неродено девојче, што не одржала ниту забава за добредојде на бебето.
– Сега кога е тука, таа вреска, а јас се смеам затоа што е толку жива. Ако ништо друго, се надевам дека ова наше чудо од дете на другите парови ќе им донесе надеж – заклучила Хилари Бартон.
ФОТО: EPA/PAUL BUCK