Девет лица загинаа, а еден човек успеал да се спаси откако минибус во кој имало 10 лица паднал во реката Бистрица во североисточна Романија.
Локалната служба за итна медициснка помош соопшти дека 22-годишен маж е единствениот преживеан кој успеал сам да излезе од возилото кое паднало во водата.
Длабочината на реката во областа на инцидентот е околу седум метри.
Локалните власти соопштија дека несреќата најверојатно се случила затоа што 25-годишниот возач изгубил контрола над минибусот откако експлодирала една од задните гуми.