ДЕБАТА Фотоволтаиците – шанса што не смее да се пропушти (ВИДЕО)

Во втората дебата на Плусинфо учествуваа проф. д-р Константин Димитров, д-р Димитар Хаџимишев, м-р. Горан Паунов и дипл.инж. Сашко Генчев – истакнати експерти и девелопери на фотоволтаични технологии.

1214

Фотоволтаичните инсталации, во комбинација со други обновливи извори на енергија и со паметно менаџирање, дефинитивно е шанса за релативно подобрување на „енергетската слика“ на нашата земја.

Ова е заклучокот од втората и истовремено и завршна дебата на порталот Плусинфо, насловена како „Фотоволтаичните технологии – енергетската иднина на Македонија“, во рамките на проектот поддржан од фондацијата Цивика Мобилитас.

Во првата дебата, пред неколку месеци, учествуваа главно луѓе кои донесуваат одлуки во енергетскиот сектор – почнувајќи од вицепрмиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, па сѐ до директорите на ЕЛЕМ и на ЕВН. После серија написи на оваа тема, Плусинфо одлучи втората дебата да им ја посвети на експертите и на девелоперите на ФВ-технологиите.

Во оваа дебата учествуваа проф. д-р Константин Димитров, истакнат експерт во областа, член на претседателството на МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија; д-р Димитар Хаџимишев, долгогогодипшен експерт и практичар во областа на енергетиката; м-р. Горан Паунов, проектант на ФВ-централи, девелопер на производство на ФВ-панели и дипл.инж. Сашко Генчев, проектант и инвеститор на фотоволтаични централи.

Погледнете ја дебатата:

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...