Најраните списи кадешто се споменува билката Nigella sativa, односно нејзиното семе, се од стариот Египет. Најдено е во гробницата на Тутанкамон уште пред околу 3.300 години. Во арапската култура е нарекувано благословено семе. Интересно е тоа што исламскиот пророк Мухамед рекол за црното семе дека е лек за сите болести освен за смртта. А познатиот грчки лекар Хипократ го користел за лекување на оние кои имале пореметување во метаболизмот и варењето. И традиционалната кинеска медицина повеќе од илјада години го препорачува за многу болести. Почнувајќи од дијабетес, преку пореметувања во варењето, па сѐ до рак.
Благодарение на биолошките испитувања, многу негови дејствија биле потврдени кај луѓе кои боледувале од одредени болести.
Во многу западноевропски земји се направени повеќе студии и истражувања кои докажуваат дека маслото Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбена вредност, минерали, амино киселини, со голема способност за поддржување на системот за имунитет, како и за лекување на многу болести. Современите научни истражувања потврдија дека црното семе е златен рудник на здравје. Според денешните сознанија, црното семе може да излекува и фатални болести, како што се ракот и сидата.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.