Дачиќ: Приштина го напушта Бриселскиот дијалог

390

Одлуката на косовската Влада, донесена синоќа, да не го примени договорот за почеток на изработка на Статусот за фомирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) значи дека Приштина одлучила да го напушти Бриселскиот дијалог, изјави денеска српскиот министер на дипломатијата Ивица Дачиќ за руската новинска агенција Спутник.

Тој предупреди дека „по таквата одлука целиот преговарачки процес помеѓу Белград и Приштина може да се врати на нула“.

– Доколку суштинскиот дел од договорот кој го постигнавме, албанските лидери бескруполозно и без какви било санкции одбиваат да го применат, тогаш Белград сега може да го разгледува ставањата вон сила на сите досегашни договори кои се постигнати во Брисел – предупреди Дачиќ.

Тој ја повика меѓународната заедница да влиаје врз Приштина да ги исполни обврските, „бидејќи се заканува најголемата опасност досега -преговарачкиот процес дефинитивно да биде прекинат“, додавајќи дека Белград за тоа не би сносел никаква одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...