Дачиќ и Брнабиќ ја отфрлија можноста за признавање на Косово

204

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека иако постојат притисоци властите никогаш нема да ја прифатат еднострано прогласената независност на Косово.

Тој во интервју за телевизијата РТС посочи и дека не очекува ништо спектакуларно од денешните разговори во Брисел. Според него, Србија нема заради европскиот пат да ги жртвува националните интереси.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека за решавање на проблемот со Косово „мора да се земат во предвид позициите и на двата народа“. Таа порача дека Србија е подготвена да учествува во решавањето на проблемот на зрел и одговорен начини, но земјата нема да го признае постоењето на друга држава на своја територија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...