Дабер: Робин Вилијамс ги покажуваше гениталиите, ме плескаше, ме стегаше

1677

Биографијата на актерот Робин Вилијамс, која треба да биде објавена во мај годинава, предизвика внимание во јавноста по изјавите на неговата колешка Пам Дабер, со која глумеше заедно во серијата „Морк и Менди“.

Во книгата 66-годишната актерка се присетува на неговото лошо однесување за време на снимањето.

– Правеше најодвратни работи, но не се навредив. Ми ги покажуваше гениталиите, ме плескаше, ме стегаше. Мислам дека тоа им го правеше на многумина, но беше многу забавно – нагласува актерката.

Таа наведува дека и покрај сето тоа, Вилијамс бил прекрасна личност и затоа никогаш не му забележувала за однесувањето.

– Некако ја имаше таа магија. Кога ќе го ставиш сето тоа на хартија изгледа навистина вознемирувачки. Но, сепак имаше нешто, тие сјајни очи. Ќе те гледа како кученце и одеднаш ќе те зграпчи за градите и ќе избега. Со тоа можев да се справам. Меѓу другото сепак тоа беа седумдесетите – истакна Дабер.

Дека Вилијамс вака се однесувал на снимањето на серијата потврдува и еден продуцентите Хауард Сторм.

– На сред сцена знаеше да ја зграпчи Пам за градите или задникот. Па повторно ја снимавме истата сцена. По што јас му велев „Робин, тоа го нема во сценариото“, а тој ми одговараше со „О, во ред“- наведува Сторм.

Серијата „Морк и Менди“ се снимаше четири сезони од 1978 до 1982 година, а вкупно беа снимени 95 епизоди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...