„Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија“ во Чифте Амам

189

По повод 70 годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, а во чест на 8 март – Меѓународниот ден на жената ќе се одржи изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.

 Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте Амам, а ќе се отвори на 7 март (среда), во 19 часот и ќе трае во текот на месец.

На отворањето на изложбата пригодно обраќање ќе има професорот Ферид Мухиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...