Лавандата има бројни лековити својства кои можат позитивно да влијаат на здравјето. Чајот од лаванда делува како седатив, а им се препорачува на лица кои страдаат од главоболки, анксиозност и несоница. Подготвувањето на овој чај е едноставно, а во продолжение прочитајте повеќе за придобивките од неговото консумирање.
Лековитите својства на лавандата вклучуваат:
Мигренски главоболки – мирисот на лавандата делува како седатив и има смирувачки ефект. Чајот од лаванда може да помогне во излекувањето на мигренските главоболки затоа што помага за опуштање на крвните жили, малите мускули во вратот и околу очите.
Депресија и анксиозност – лавандата може да ги редуцира стресот и анксиозноста, и да го подобри расположението. Исто така, лавандата ја поттикнува релаксацијата.
Несоница и исцрпеност – шолја чај од лаванда пред спиење може да ви помогне полесно да заспиете затоа што лавандата го смирува нервниот систем и го намалува нивото на стрес.
Мачнина – како и ѓумбирот, лавандата може да помогне за мачнините. Чајот од лаванда може да ја намали мачнината, особено ако е поврзана со главоболка.
Варење – ако имате проблеми со варењето, може да ви помогне чајот од лаванда кои има својства што делуваат против надуеноста, можат да помогнат за елиминирање на гасовите и за смирување на стомакот.
Чајот од лаванда може да помогне за јакнење на имунитетот, олеснување на дишењето, лекување на воспалението на мускулите и намалување на болките во зглобовите, вратот и грбот.
Како се подготвува чајот од лаванда прочитајте тука.