Бугарска државна комисија тврди дека филозофот Кристева била агент, таа демантира

361

Познатата бугарска психоаналитичарка и филозоф Јулија Кристева, која живее во Франција од средината на 60-тите години од минатиот век, била агент и соработувала со бугарската комунистичка разузнавачка служба, објави Државна комисија во Бугарија.

Кристева (76), која е авторка на повеќе од 30 книги, за францускиот неделник „Об“ демантираше дека за време на комунизмот работела за разузнавачката служба. Таа овие тврдења ги нарече „смешни, лажни и клевета“.

– Некој сака да ми наштети – рече Кристева.

Бугарска комисија, која утврдува кои луѓе сработувале за тајната служба за време на комунизмот, наведува дека Кристева работела под тајно име „Сабина“ за одделот на државната служба за безбедност кој ја следел областа на уметност и масовните медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...