Холандија и Белгија почнуваат со употреба на први автономни контејнерски бродови на светот, чија емисија на штетни гасови ќе биде нула.
Секој целосно електричен брод ќе транспортира 24 контејнери со тежина до 425 тони од пристаништата во Амстердам, Антверпен и Ротердам.
Петте бродови би требало значително да ја намалат употребата на камиони на дизел кои превезуваат товар.
Бродовите, кои ги гради холандскиот производител Порт Линер, ќе се напојуваат со помош на батерии кои обезбедуваат 15 часа постојано напојување.