Британски медиуми објавија дека најмалку 12 училишта ширум Британија се затворени денеска откако добиле заканувачка порака дека „децата ќе бидат прегазени од автомобили“.
Британскиот „Дејли експрес“ и „Дејли стар“ наведуваат дека полицијата потврдила дека на училиштата им биле упатени „злонамерни пораки“.Најмалку 12 училишта во Девон и Корновол се затворени, а закани наводно добиле и училишта во Дурам.
Настанал хаос, родителите во паника доаѓаа во училиштата по децата, јавуваат локалните медиуми.