Бразилскиот Врховен суд одлучи: поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва оди во затвор

Бразилскиот Врховен суд го одби барањето на Лула да Силва да не оди во затвор.

177

Бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција.

Пресудата за Лула да Силва е 12 години и еден месец затворска казна.

Одлуката значи дека 72-годишниот поранешен претседател, кој според анкетите е фаворит за претстојните претседателски избори на 7 октомври, може да биде затворен во наредните неколку часа ако судија од првостепен суд издаде налог за негово притворање.

ФОТО:EPA/Fernando Bizerra Jr.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...