Бразилски дилер киднапирал медицински сестри за да вакцинираат сиромашни

196

Томас Виеира Гомез, шеф на една бразилска банда познат и како 2Н (2N), киднапирал две медицински сестри и ги натерал да им даваат вакцини против жолта грозница на луѓето во Салгеиро фавелите во Рио де Женеиро, едно од најсиромашните подрачја во Бразил.

Медицинските сестри подоцна за локалните медиуми изјавиле дека Гомез, кој е озлогласен шверцер со дрога, не бил агресивен кон нив.

Оваа година во Бразил од жолта грозница починале најмалку 25 луѓе.

Иако властите поставуваат центри за вакцинација ширум земјата, помошта не стигнува до најсиромашните подрачја. Поради тоа, Гомез одлучил да преземе конкретни чекори.

Потегот на Гомез го поддржале и бразилските политичари, а поранешниот министер за животна средина во Бразил, Карлос Минк, на Твитер напиша дека „законот на Гомез за имунизација“ бил во служба на јавното добро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...