Брајант: Чувството да добиеш Оскар е подобро од НБА титула

342

Кошаркарската легенда Коби Брајант, по доделувањето на наградите на Американската филмска академија, изјави дека подобро се чувствувал кога го освоил Оскарот, отколку сите НБА титули.

– Да бидам искрен со Вас подобро се чувствував кога го освоив Оскарот, изјави Брајант по свеченоста во Лос Анџелес.

Брајант во соработка со Глен Кин за  „Драга кошарко“ ја доби наградата Оскар за најдобар краткометражен анимиран филм.

Петкратниот НБА-шампион со Лос Анџелес Лејкерс беше ѕвезда на вечерта по завршувањето на доделувањето на Оскарите.  Брајант беше дочекан со овации во прес-центарот, а новинарите му поставија најмногу прашања од сите добитници на наградата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...