Борко Ристовски на 3 април 2018 година првпат стана татко. Неговата сопруга Николина на свет донесе машко дете.
Репрезентативниот голман на Македонија веднаш ја сподели веста на социјалните мрежи и објави фотографија од наследникот.
Синчето ќе се вика Душан.
– Душан се роди. Бебе, семејство, љубов, сопруга, нашиот лав – напиша Борко Ристовски на социјалните мрежи.