Бонд девојка во улога на Марија Кири

327

Холивудската актерка Розамунд Пајк, најпозна по улогите како Бонд девојка во „Умри некој друг ден“ и психолошкиот трилер „Исчезната“, ќе се најде во улога на Марија Кири, првата жена добитник на Нобелова награда.

Биографскиот филм, насловен „Радиоактивно“, го снима француско-иранската режисерка Марјан Сатрапи, која во 2007 година беше наградена во Кан за филмот „Персеполис“. Според најавата, Пјер Кири ќе го игра Сем Рајли од филмот „Злобница“ во кој глуми со Анџелина Џоли, а Ања Тејлор Џој ќе ја глуми Ирена, ќерката на Кири.

Како адаптација на романот на Лорен Реднис, филмот носи вистинска приказна за полско-француската физичарка и хемичарка родена во 1867 година. Марија и Пјер заедно го открија радиумот.

Првите кадри од филмот се снимаат во Будимпешта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...