Биткоинот за десет години може да падне на 100 долари

246

Веројатноста дека цената на биткоинот во наредните десет години може да падне на 100 долари е поголема отколку дигиталната валута да достигне ниво од 100.000 долари, изјави економистот Кенет Рогоф, професор на универзитетот Харвард.

– Мислам дека биткоинот по десет години ќе вреди само мал дел од сегашната вредност. За десет години многу поверојатна цена е сто долари, отколку 100.000 долари – изјави поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд за телевизијата Си-ен-би-си.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...