Бијонсе бара златни колевки за бебињата

397

Бијонсе и Џеј Зи на турнејата на која ќе одат заедно, ќе ги понеселе со себе и своите три деца. Музичарите, во тек на шест месеци ќе имаат 36 концерти и од организаторите барале се да биде на највисоко ниво.

– Близнаците ќе ги разгалат. Беј и Џеј за нив бараа колевки од 18-каратно злато со свилена постелнина – раскажал пријател на славниот пар, додавајќи дека парите за нив не се проблем.

Освен луксузни колевки, пејачката барала температурата во гардеробата секогаш да биде 25 степени и полна со цвеќиња, а на располаќање морала да има и врвен готвач.

– Џеј сака во секој град на турнејата да има од неговиот омилен шампањ – истакнал неименуваниот пријател.

Бијонсе и Џеј Зи исто така сакале и врвно обезбедување за своето семејство и барем четири дадилки, бидејќи освен шестмесечните близнаци, ќе ја повеле и шестгодишната ќерка Блу Ајви.

Пријателот на музичкиот брачен пар објаснил дека со нив на турнејата насекаде ќе има обезбедување, фризери, шминкери и лични стилисти, а секој хотел ќе мора да им овозможи дополнително обезбедување.

Што се однесувало до Бијонсе и до Џеј Зи, тие ќе далие колку е потребно пари за нивните деца да бидат безбедни. Се проценува дека Бијонсе и Џеј Зи на оваа турнеја ќе заработат околу 198 милиони долари.

Славната двојка на првата заедничка турнеја во 2014 година само од продажба на влезници заработи повеќе од 100 милиони долари, со што ги надминаа легендарните „Ролинг стоунс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...