„Берлин бар“, кој се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје, поради минусните температури, на својот Фејсбук профил објави дека овозможува ноќевање и оброк на животинчињата на кои им е потребно.
„СПОДЕЛУВАЈТЕ!
Поради минусните температури „Берлин бар“ ве замолува доколку видите или знаете за животинче на кое му треба место да се стопли, да преноќи и да добие оброк, да ни се обратите во порака за да може да го земеме кај нас, или слободно донесете го. Ќе бидеме среќни да помогнеме„, пишува на профилот на Фејсбук на барот.
Првиот гостин на „Берлин бар“ е кучето Среќко (Lucky).