Пејачката и актерка Барбара Стрејсенд (75) за магазинот „Варајати“ открила дека успешно го клонирала своето куче Саманта, така што од него зеле клетки од устата и стомакот, пред тоа да пцовиса во 2017 година.
Со клонирањето на кучето, кое било старо 14 години, Барбара ги добила кученцата Вајолет и Скарлет, за кои изјавила дека имаат различни карактери.
– Чекам уште малку да пораснат па да видам дали ги имаат кафените очи на Саманта и нејзината сериозност – рекла Стрејсенд.
Кога пристигнале клонираните кученца, Барбара ги облекла во блузички во различни бои за да ги распознава. Таа има уште едно куче – Фани.
Наводно целиот процес на клонирање чини помеѓу 50.000 и 100.000 долари.