Банката на Англија нема да ги промени условите за европските компании

Банката на Англија во своето соопштение го поздрави минатонеделниот договор меѓу британската Влада и ЕУ за воспоставување преоден период по Брегзит, што ќе трае од март 2019 до крајот на 2020 година.

167

Британската централна Банка на Англија им порача на европските финансиски компании дека одреден период по Брегзитот ќе може да работат во Велика Британија под истите правила што важат и сега.

Банката на Англија во своето соопштение го поздрави минатонеделниот договор меѓу британската Влада и ЕУ за воспоставување преоден период по Брегзит, што ќе трае од март 2019 до крајот на 2020 година.

Предвидено е во преодниот период Велика Британија да остане дел од единствениот европски пазар и од цринската унија на ЕУ, што ќе значи дека за европските банки на британско тло ќе продолжат да важат истите правила како и сега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...