Бахреин објави најголемо откритие на нафта и гас на своја територија

Бахреин соопшти дека открил најголемо нафтено и гасно поле во историјата на таа мала држава на Заливот.

189

Бахреин соопшти дека открил најголемо нафтено и гасно поле во историјата на таа мала држава на Заливот.

Официјалната агенција БНА ги цитираше властите кои проценуваат дека количината е „многупати’“ поголема од познатите резерви на Бахреин.

Постоечкото нафтено поле во Бахреин е само едно, како единствен депозит со резерви од само неколку стотици милиони барел сирова нафта.

Бахреин е најмал произведувач на нафта и гас меѓу шесте земји членки на Советот за соработка во Заливот, кој ги опфаќа Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар.

Малото кралство, чии 80 проценти од приходите се од нафта, испумпува дополнителни 150.000 барели на ден од нафтеното поле „Абу Сафа“ , кое го дели со својот голем сосед, Саудиска Арабија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...