Австриска организација против комеморација во Блајбург

175

Австриската организација АК Блајбург отвори интернет страница на која се објавуваат текстови против, како што тие наведуваат, „усташката комеморација“ во тој град, пренесува Танјуг.

– Секоја година во мај, близу Блајбург, се среќаваат илјадници националисти од Хрватска и хрватската дијаспора. Објаснувајќи го како црквена комеморација, се оддава почит на НДХ, која соработуваше со нацистичка Германија и усташкото движење и ги релативизираат нивните злосторства. Меѓу учесниците се високи црквени претставници, како и неонацисти од мрежата „Крв и чест“, односно се собира цел спектар на екстремната десница од Хрватска, што Блајбург ја прави најголема фашистичка манифестација во Европа“, се наведува во соопштението на АК Блајбург.

Иницијаторите на интернет страницата, наведуваат дека сајтот пружа сеопфатни информации за десничарите за во поширок контекст да се прикаже за што станува збор.

АК Блајбург нагласува дека се бори за „активен антифашизам и крај на усташките собири во Блајбург“, како и против националистите и ревизија на историјата во Австрија или каде било во светот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...