Атанасов: Нема отстапувања во составот на чоколадите за деца

Производите се испитуваат и според проценките на ризик такви отстапувања нема, изјави директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

158

Неофицијална изјава, базирана на неофицијални податоци, вака денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов ја нарече вчерашната информација што ја сподели универзитетската професорка Јадранка Дабовиќ, дека во чоколадите за деца на македонскиот пазар нема млеко и какао.

– Не сакам да коментирам неофицијални изјави, базирани на неофицијални податоци. Според Законот, ако имало отстапувања кај производите, лабораториите се должни во рок од 24 часа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство, ние такви известувања немаме добиено. Тоа е официјалниот став – потенцира Атанасов на прес-конференција.

Производите се испитуваат и според проценките на ризик, нагласи, такви отстапувања нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...