Сигурно секој од нас еднаш се сретнал со незгодни болки во мускулите, коските и зглобовите.
Болките во зглобовите и мускулите предизвикуваат голема непријатност и спречување во извршување на секојдневните обврски. Болките може да се појават во било кој дел од телото. Без разлика дали се благи или тешки, акутни или хронични болката во зглобовите, мускулите и коските може да се олеснат со употреба на додатоци во исхраната.
Artrohelp Marine е производ којшто обезбедува благосостојба на зглобовите, коските , мускулите, и кожата.
Колагенот е исклучително важен за вашиот организам, но со текот на времето телото го создава во помали количества, што е знак дека вашето тело старее и неопходно е да внесувате додатоци за да го одржите нивото, а со тоа и да имате здрав коскен систем, како и мускули со што го намалувате ризикот од повреди и остеоартрит.
Новиот производ ексклузивно достапен во аптеките на Зегин, ARTROHELP MARINE во својот состав содржи токму колаген кој е од суштинско значење за ткивата, а е присутен во коските, кожата, лигаментите, ‘рскавиците и тетивите. Токму затоа, може да се употребува за третман на состојби како повреди, артрит, болки во мускулите и коските. Покрај колаген содржи и витамин Б6, Ц, Б2, калциум и витамини К и Д кои придонесуваат во одржување на коските.
Глукозаминот којшто се наоѓа во ‘рскавицата на зглобовите игра клучна улога во нивната изградба. Сепак, со стареењето организмот не произведува доволно количини глукозамин.
Ако телото има доволна количина на глукозамин имате повеќе шанси да ја елиминирате и намалите болката предизвикана од инсуфициенцијата и наглите удари на вашите зглобови.
Кога се внесува глукозаминот во суплементски облик, зглобното ткиво почнува да се лечи, подобрувајќи ја потенцијалната дифузија на гликоза и аминокиселина низ зглобовите.
Хондроитинот којшто е составен дел на овој производ е природна супстанција која се наоѓа во телото и го стимулира создавањето на главните компоненти за изградба на ’рскавицата. Ја заштитува ’рскавицата со тоа што го помага преземањето на водата и хранливите материи во ‘рскавицата, а истовремено ја инхибира активноста на ензимите кои ја оштетуваат. Хондроитин сулфат е градивна компонента на рскавичното ткиво која спаѓа во групата на протеоглукани. Таа му дава еластичност на рскавичното ткиво и ја штити ’рскавицата и лигаментите од повреди.
Хијалуронска киселина е супстанца која се наоѓа во врзивното ткиво на нашата кожа и истата ја прави кожата цврста и еластична. Хијалуронот ги има истите ефекти како и колагенот, меѓутоа дејството на хијалуронската киселина трае подолго и несаканите реакции се многу ретки. Со текот на времето, како последица на процесот на стареење, пушењето и лошиот начин на прехрана, количината на хијалуронската количина во организмот постепено опаѓа. Со тоа доаѓа до намалување на хидратацијата на кожата, формирање на брчките, висната кожа околу очите и устата и во целост, намалување на нејзината еластичност. ARTROHELP може да ви помогне да ја зачувате кожата еластична, здрава и со младешки изглед.
Овој додаток ќе ги витализира вашите зглобови, коски, мускули и кожа, има вкус на ванила и најдобро е да се употребува наутро.