Анѓушев: Секој лиценциран трговец со струја може да биде универзален снабдувач

Во план е во наредните години, информира Анѓушев, ЕЛЕМ да ги намалува количините на електрична енерегија наменети за универзалниот снабдувач на електрична енергија и до 2030 година да го сведе на 30 отсто.

361

Во рок од 90 дена по стапувањето на сила на новиот Закон за енергетика ќе биде извршен избор на универзалниот снабдувач со електрична енерегија. Овој снабдувач ќе им продава струја на граѓаните кои не сакаат да купуваат струја од слободниот пазар.

Оваа информација беше презентирана на денешната заедничка прес-конференција на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.

– Универзален снабдувач ќе може да биде секој лиценциран трговец на електрична енергија кој ќе одлучи да формира таква компанија – појасни вицепремиерот за економски прашања Анѓушев.

Тој информира и дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе биде гарантирана и по целосната либерализација нема да порасне.

– Цената на електрична енергија за домаќинствата е гарантира со две работи. Прво ЕЛЕМ во првата година со 80 отсто од своето производство ќе го снабдува универзалниот снабдувач со електрична енергија кој се воведува со овој закон. Се воведува гарантирана цена на енергијата и дополнително се воведува процес на надминување на енергетска сиромаштија кој ќе придонесе да се надминат состојбите – рече Анѓушев.

Во план е во наредните години, информира Анѓушев, ЕЛЕМ да ги намалува количините на електрична енерегија наменети за универзалниот снабдувач на електрична енергија и до 2025 година да го сведе на 30 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...