Aмерика ќе продава авиони-ловци Ф-16 на Тајван за осум милијарди долари

53
ФОТО: МИА

Стејт департментот одобри евентуална продажба на авиони-ловци Ф-16 за Тајван во вредност од осум милијарди долари, соопшти американската Агенција за соработка во областа на безбедноста и одбраната во официјален допис до конгресот.

Со таа продажба би биле опфатени 66 авиони, 75 мотори Џенерал електрикс, како и други системи, наведува Агенцијата.

Во соопштението се додава дека продажбата на авионите-ловци е во национален, економски и безбедносен интерес на САД, но и да му помогне на Тајван да ја одржи кредибилна одбраната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...