Во текот на месец декември, под мотото „Здравје во твои раце!“, Млекара Здравје реализираше бројни добротворни активности. Во основните училишта во Скопје, Куманово, Битола и Струмица, беа донирани над 120.000 јогурти, за сите основци кои учат во овие училишта. „Крајната цел на оваа активност беше младите генерации да го применуваат здравиот начин на исхрана и внесување на здрави намирници во секојдневниот оброк“, велат од Млекара Здравје. Исто така во овој период јогурти беа доставени и до сите дечињата пациенти во Универзитетска Клиника за Детски Болести, во детскиот Институт за белодробни заболувања Козле, како и во Народната кујна Спасение во Ѓорче Петров.
Млекара Здравје своите добротворни активности ги прошири и со донација на повеќе од 2.000 зимски јакни на граѓаните на кои им е потребна помош.
Зимски јакни беа донирани на: Хуманитарна организација Свети Спас, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација Ирхом Топаана, Организација на жените Турчинки од Македонија Дерја, Здружение на глуви и наглуви во Куманово, Здружение на еднородителски семејства ЕДНА МОЖЕ!, во СОС детското село во Скопје и други граѓански здруженија.
„Ваквите активности се добредојдени и секогаш потребни и претставуваат искрена поддршка на ранливите категории на граѓани. Бескрајно сме благодарни на Млекара Здравје што за миг донесе насмевки на граѓаните кои ги поддржува нашата организација“, ни изјави Самир Мустафа, извршен директор на Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација Ирхом Топаана.
Отец Оливер Петровски од Хуманитарна организација Свети Спас – Драчево, вели дека хуманоста ја поттикнува среќата, посебно кај граѓаните на кои им е потребна помош и додава, дека Млекара Здравје е нивниот редовен поддржувач, кој носи насмевки на лицата на семејствата кои тие ги поддржуваат.
Помошта на социјално загрозените категории, на ранливите категории граѓани, како и едукацијата на најмладите се сегменти ќе бидат приоритет во работењето на Млекара Здравје и во годината која следи, потврдувајќи ја на тој начин својата општествена одговорност и хуманост.